Еве колку пари казна ќе треба да плати ФК Вардар за недоличната прослава и навредите
20/05/2026 9:28
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија изрече повеќе санкции за клубови од Првата и Втората лига, а меѓу нив е и ФК Вардар.
Најтрофејниот македонски клуб ќе треба да плати вкупно 3.500 евра казна.
Покрај паричната санкција, против Вардар е поведена и дисциплинска постапка поради недолично, потценувачко и дискриминирачко прославување од страна на фудбалерите.
Од вкупната сума, 1.000 евра се изречени поради употреба на пиротехника на натпреварот против Пелистер во 26. коло.
Дополнителни 2.500 евра Вардар ќе плати поради користење пиротехнички средства на мечот против Силекс во 31. коло.
Казни и за други клубови
Дисциплинската комисија изрече санкции и за неколку други клубови и поединци.
ФК Шкендија е казнета со 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и националистички пораки. Дополнително, по 500 евра казна добија фудбалерот Имран Фетаи, поради кршење врата, и тренерот Јетон Беќири, поради вербален напад врз полицијата.
ФК Брегалница 2008 ќе плати 5.000 евра поради слаба организација и присуство на неовластени лица на теренот.
ГФК Тиквеш 1930 е казнет со вкупно 10.000 евра. Станува збор за две одделни казни од по 5.000 евра. Причините се навредливи транспаренти кон ФФМ, употреба на пиротехника и попречување на ТВ-пренос.
Шкендија Арачиново доби казна од 1.000 евра поради пиротехника и влегување на претседателот на клубот на теренот.
Парични казни добија и Осогово, Детонит Плачковица и Каменица Саса. Тие се движат од 150 до 300 евра, поради помали инциденти и фрлање предмети на теренот.
Одлуките, според Комисијата, се донесени со цел да се зачува спортскиот интегритет и безбедноста на фудбалските натпревари во земјава.






