Промоција на книгата „Македонија низ вековите“ на Виолета Ачкоска
21/05/2026 8:51
Промовирана книгата „Македонија низ вековите“ од проф. Виолета Ачкоска: Капитално дело над 200 страници
Промоција во Музејот на македонската борба
Книгата „Македонија низ вековите“ од проф. д-р Виолета Ачкоска беше промовирана во Музејот на македонската борба пред бројна публика, почитувачи на пишаниот збор на професорката Ачкоска.
Делото од над 200 страници, како што беше истакнато на промоцијата, претставува една од најсеопфатните синтези за македонскиот народ и држава.

Жежов: Дело од големо значење
Промотор на книгата беше професорот Никола Жежов, кој пред присутните говореше за големото значење на ова капитално дело, нагласувајќи ја неговата актуелност и научна вредност.
Музички дел и стихови
Промоцијата беше збогатена и со музички перформанс. Маестро Васил Атанасов ја изведе композицијата „Тешкото“ , додека младиот оперски пејач Давид Миладинов маестрално ја отпеа „Кога падна на Пирина“ .
Настанот го модерираше Валентина Божиновска, а збор пред публиката имаше и актерот Крсте Јовановски.
Перин: Научна неутралност и прецизност
Рецензент на делото, историчарот Ицо Најдовски Перин, за книгата истакна дека станува збор за капитално дело кое претставува значаен придонес во македонската историографија, не само поради обемот и длабочината, туку и поради научната неутралност и методолошката прецизност на авторката.
Според Перин, проф. д-р Виолета Ачкоска е академска личност, позната по својата аналитичност и критичност, без да биде наклонета кон патриотски или идеолошки пристапи.






