Уреднички коментар: АХВ крие измамници, МВР гони херои
01/06/2026 0:27
Уреднички коментар: Кога институциите прават повеќе штета од корист
Во изминатите 24 часа, јавноста во Македонија беше бомбардирана со две вести кои на прв поглед немаат врска една со друга, но кои откриваат длабок институционален проблем. Станува збор за случајот со манипулациите на пазарот на млечни производи, каде Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри дека купуваме „магла“ наместо сирење, и случајот со кривичните пријави против „ловците на педофили“, каде МВР гони граѓанска иницијатива наместо да ги штити најранливите.
Она што ги поврзува овие две случувања не е нивната содржина, туку неспособноста на институциите да ги завршат работите како што треба.
Во едниот случај, АХВ остава потрошувачите да шпекулираат кој ги труе;
Во другиот, МВР ги третира граѓанските херои како криминалци, додека проблемот со педофилијата е во пораст и останува нерешен.
1. АХВ и лажното млеко: Заштита на измамниците, а не на потрошувачите
Агенцијата за храна и ветеринарство објави шокантни податоци: во скопските маркети се продавало сирење кое на декларација ветува 20% млечна маст, а лабораториските анализи покажале дека содржи само едвај 1%. Уште полошо, кај еден оператор било откриено дека наместо млеко, во производот било ставено палмино масло .
Операторите се казнети со пародични суми од 1.050 до 3.500 евра, а спорните производи се „повлечени и уништени“. Навидум, АХВ си ја завршила работата.
АХВ фати 10 измамници кај производителите на млечни производи
Но, дали навистина е така?
АХВ направи огромна грешка: ги откри измамите, но не ги откри измамниците.
На потрошувачите им беше кажано само дека измамниците се меѓу нас, но не и кои се тие.
Ефектот од ова е катастрофален. Со тоа што не се именувани операторите кои измамиле на толку дрзок начин, се создава сомнеж врз сите домашни производители. Потрошувачот кој ќе види сирење во маркет сега ќе размисли двапати: „Дали ова е оној со 1% или некој друг?“.
Со постапката на АХВ, потрошувачите се тера да не купуваат домашни производи. Стравот од измама го турка граѓанинот кон увозни производи, кои се перципираат како побезбедни, иако тие често се подеднакво сомнителни или поскапи.
Со тоа, АХВ индиректно ја уништува довербата во домашниот аграрен сектор и ги турка парите на граѓаните кон странските компании.
До кога ќе ги штитиме имињата на измамниците на сметка на општата штета на економијата?
2. МВР и „ловците на педофили“: Херои или криминалци?
Во вториот случај, Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против шест лица кои се организирале да ги идентификуваат и откријат педофилите. Со оглед дека педофилијата не е само со снимање на детска порнографија
Според полицијата, овие лица се претставувале како 14-годишно девојче на интернет за да ги намамат возрасните мажи кои бараат сексуални односи со малолетни деца.
И што направија овие мажи кога „девојчето“ им се јави? Наместо да ја прекорат, тие, според наводите, го охрабрувале детето на перверзни разговори и постапки.
Македонското МВР овде покажува апсолутна инверзија на приоритетите.
Вакви граѓански групи (како примерот со хероите од „Пантери“ во Босна и Херцеговина или други во Англија, САД, Германија, Канада) се формираат токму затоа што државата не си ја врши работата.
Кога МВР нема капацитет да ги следи сивите зони на интернет и да ги превенира и казнува педофилите, граѓаните преземаат ризик да го направат тоа наместо нив. На Балканот и секаде каде што ги има, овие „ловци“ често се сметаат за народни херои бидејќи ги изнесуваат на виделина перверзниците кои ги демнат децата.
Наместо да им се заблагодари на овие граѓани за помошта, или барем да ги третира како сведоци соработници, МВР ги приведува по пријава на педофилите дека се исплашиле од нив. Ова испраќа јасна порака до јавноста: „Не мешајте се, оставете ги децата да се справат со педофилите сами.“
Нешто слично како во случајот со самоубиството на мајката и детето, МВР чека да се случи напад на педофил и да настрада некое дете, за тогаш да реагира и да не биде како во случајов „САМОВЛАСТИЕ“.
Каде е превенцијата, да не дојде дете да настрада?
Народната поговорка вели:
„ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ, ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ“
Заклучок
Македонските институции се во длабока криза на идентитетот. АХВ открива криминал на пазарот, но го крие сторителот, со што фактички ја легитимизира клеветата врз сите чесни производители.
МВР гони граѓани кои преземаат акција за заштита на децата, а истовремено дозволува вистинските предатори да шетаат слободно, уште и да се жалат дека некој ги исплашил, ги вознемирил и ја открил нивната НАМЕРА.
Апелираме до двете институции:
-
До АХВ:
Објавете ги имињата на операторите кои користеле палмино масло и лажни декларации. Потрошувачите имаат право да знаат што купуваат. -
До МВР:
Преиспитајте ги обвиненијата против граѓаните кои се обидуваат да помогнат. Ако некој треба да биде во затвор, тоа се педофилите, а не оние што ги откриваат.
Пишува
Борислав Стоилковиќ
Уредник на МК Информер





