Генијален изум: Часовник што ќе работи безпрекорно 500 години
04/06/2026 12:36
Скриениот дијамант на Скопје: Часовникот на Природонаучниот музеј што ќе работи следните 500 години
На фасадата на Природонаучниот музеј во Скопје се крие вистински дијамант, универзален вертикален сончев часовник, истовремено и песочен часовник, кој е единствен од ваков тип на планетава. Генијалниот изум е дело на проф. Коља Асенов, првиот професор по астрономија во земјава.
Универзален часовник, може да се постави каде било во светот
Карактеристично за овој часовник е фактот што е универзален. Иако е направен во Скопје, може да се постави на кое било место во светот и да го мери времето. На него се отчитува реалното физичко време, со точност од плус-минус 15 минути.
Тежок 150 килограми, висок два метри
Часовникот има форма на тристрана призма и тежи 150 килограми. Направен е од челик, месинг и бакар, а висок е 2 метри.
Ќе работи следните 500 години
Фасцинантен податок е тоа што во следните 500 години часовникот нема да престане да работи и ќе го покажува времето безпрекорно точно.
Астрономски мерења и набљудувања
На часовникот се прикажани и основните точки, линии, насоки и рамнини од небесната сфера, како и сферните координатни системи за потребите на астрономските набљудувања и мерења.
Песочен часовник за недели, месеци и години
Освен сончев, на него е поставен и песочен часовник, кој ги отчитува неделите, месеците и годините.
Времето го пресметува според речиси сите постојни и познати календари:
-
христијанскиот
-
еврејскиот
-
мухамеданскиот
-
календарот на Маите






