MKinformer

your daily dose of news

Денес почнува државната матура, над 14.500 матуранти ќе полагаат во три различни модели

06/06/2026 7:19

Државната матура почнува денес, а според најавите, на полагање ќе излезат повеќе од 14.500 матуранти. Годинава за првпат завршниот испит се организира во три различни модели: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Учениците што завршија гимназиско образование денес го полагаат првиот екстерен испит, при што избираат меѓу странски јазик, математика и историја. Вториот екстерен предмет, мајчин јазик и литература, е закажан за 11 јуни.

Матурантите од средните стручни училишта денес избираат меѓу англиски јазик и математика. За нив, испитот по мајчин јазик е предвиден за 12 јуни.

Учениците од уметничките училишта денес ќе полагаат предмет по избор, односно англиски јазик или историја. Испитот по македонски јазик и литература за нив е закажан за 12 јуни.

Со новиот закон за средно образование, државната матура годинава добива поинаква организација, со цел секој тип училиште да полага испити што одговараат на наставната програма што ја следеле учениците.

error: Содржината е заштитена од копирање !!