MKinformer

your daily dose of news

Скопски безбедносен форум денеска во Собранието

15/06/2026 11:25

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“

Скопски безбедносен форум под наслов „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието, со почеток во 10 часот.

Цел на форумот

Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини:

  • претставници на академската заедница

  • државните институции

  • дипломатскиот кор

  • меѓународните организации

  • безбедносните експерти

со цел размена на идеи и унапредување на регионалната соработка.

Поздравни обраќања

Поздравни обраќања на форумот ќе имаат:

  • Беким Сали – министер за европски прашања

  • Горан Илиќ – проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

  • Јусуф Зејнели – ректор на Универзитетот во Тетово

  • Бен Нупнау – заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија

  • Александар Иванов – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Главен говорник

Главното обраќање, како што се наведува во најавата, ќе го има Јулијан Чифу од романскиот Центар за спречување конфликти и рано предупредување.

Три панели

Во рамки на форумот ќе се одржат три панели. На првиот панел, посветен на „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“ , ќе се обратат:

  • Јованка Јакубек-Лалик – Универзитет во Варшава, Полска

  • Жидас Даскаловски – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

  • Дарко Трифуновиќ – Институт за национална и меѓународна безбедност (INIS), Белград, Србија

  • Јулијан Чифу – Центар за спречување конфликти и рано предупредување, Романија

error: Содржината е заштитена од копирање !!