MKinformer

your daily dose of news

Општина Струга го продаде Аудито на Мерко

03/07/2026 16:44

Службениот луксуз на Мерко продаден: Ауди А6 отиде во Битола за 22.000 евра

Општина Струга со аукција го продаде озлогласеното возило што со години беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник

Аудито го купи битолчанец

Службеното возило Ауди А6“ , кое со години го користеше поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко , е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари , односно околу 22.000 евра . Информацијата ја објави телевизијата Алсат , според која новиот сопственик е лице од битолскиот регион .

Средствата одат за намалување на долгот

Од Општина Струга соопштија дека средствата од продажбата ќе бидат насочени кон намалување на јавниот долг на општината.

„За 22.000 евра е намален долгот на Општина Струга. Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник, денес беше продадено, со што се намалува јавниот долг на нашата општина“ , наведуваат од локалната самоуправа.

Промена на политиката за возниот парк

Од Општина Струга додаваат дека возниот парк треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација. Ваквиот пристап, велат, е насочен кон намалување на трошоците и јавниот долг , со цел рационално управување со буџетските средства.

error: Содржината е заштитена од копирање !!