MKinformer

your daily dose of news

Службеното „Ауди А6“ што го користеше Рамиз Мерко продадено за 22 илјади евра

03/07/2026 16:06

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари, односно околу 22 илјади евра.

Новиот сопственик на автомобилот е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат, објави 4news.mk.

Актуелниот градоначалник на Струга, Менди Ќира, потврди дека средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на дел од стариот финансиски долг на општината.

Продажбата беше едно од првите ветувања

Продажбата на службеното возило беше меѓу првите ветувања што новата локална власт ги најави по преземањето на раководната функција во Струга.

Автомобилот со години беше поврзуван со поранешниот градоначалник Рамиз Мерко и често беше споменуван во јавноста како симбол на трошоците на локалната самоуправа.

Возилото претходно било запленето

Пред да се реализира аукцијата, автомобилот бил запленет од извршител од Охрид поради претходно настанати финансиски обврски на Општина Струга.

Првично беше соопштено дека почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 10.000 евра.

На крајот, возилото било продадено за околу 22 илјади евра.

Набавено пред шест години

Луксузното патничко возило било набавено од струшката локална самоуправа пред шест години.

Со продажбата, новото општинско раководство најавува дека дел од средствата ќе бидат искористени за намалување на стариот долг на општината.

error: Содржината е заштитена од копирање !!