MKinformer

your daily dose of news

Некропола од пет хектари пронајдена кај Штип

08/07/2026 9:49

Штипските археолози открија некропола со осум починати лица кај Баргала

На локалитетот „Џамлџиски гробишта“, на половина километар од античкиот град Баргала, пронајдени се меморијални и семејни гробници од доцноантичкиот период

Некропола на пет хектари

Штипските археолози открија некропола со осум починати лица на 500 метри од античкиот град Баргала. Станува збор за доцноантичката некропола „Џамлџиски гробишта“ , која се простира на површина од пет хектари.

На локацијата се пронајдени меморијални и семејни гробници, како и еден мал гроб, во кои се откриени коски на осум починати лица.

Дивите копачи претходно ја истражувале локацијата

Археолозите предупредуваат дека на оваа локација претходно, уште во 2012 година , истражувале и диви копачи , при што била пронајдена една гробница.

Археологот Штерјов истакнува дека Џамлџиите се познати и како суровари и очекува на оваа некропола да се откријат постари гробови .

Без лабораторија за датирање во Македонија

За да се потврди колку се стари коските на починатите, нашата држава засега нема лабораторија за вакви анализи, додека во соседните држави археолозите имаат такви можности.

Археолошкиот локалитет Баргала датира од четвртиот век , а потоа во петтиот и шестиот век прераснува во голем црковен град .

error: Содржината е заштитена од копирање !!