MKinformer

your daily dose of news

Конечно се огласи Градоначалникот Лимани за водата во Гостивар

17/07/2026 21:27

По цел ден молк, Лимани се огласи за состојбата со водата во Гостивар

Вели дека забраната е превентивна мерка

Откако во текот на денот не се огласуваше за состојбата со водата за пиење во Гостивар, градоначалникот Валбон Лимани вечерва објави соопштение на социјалните мрежи во кое наведува дека Општината постапува во координација со надлежните институции и апелира граѓаните да ја почитуваат забраната за користење на водата.

До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува“, напиша Лимани.

Нема официјална потврда за причината

Градоначалникот посочува дека според досегашните анализи на ЈП „Комуналец“, испитаните примероци биле во рамките на законски дозволените вредности, но по пријавите за стомачни тегоби биле земени нови мостри за лабораториски испитувања.

Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод. Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи“, наведува тој.

Ги повика граѓаните да не шират непроверени информации

Во објавата, Лимани се осврна и на информациите дека дошло до мешање на водоводната и канализациската мрежа, посочувајќи дека според информациите од ЈП „Комуналец“ на посочената локација нема канализациска мрежа, но дека сите наводи се предмет на проверка.

Општината е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката. Веднаш штом бидат достапни официјалните резултати, тие ќе бидат јавно објавени, целосно и транспарентно“, порача градоначалникот.

Тој ги повика граѓаните да останат смирени, да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата и да се информираат исклучиво од официјални извори.

Од пресушен Вардар до сомнеж за загаден водовод: АХВ ја забрани водата во Гостивар

Обвинителството отвори истрага за водата во Гостивар: Полицијата се сомнева дека отпадна вода била вбризгувана во водоводот

Аларм во Гостивар: Околу 1.200 гостиварчани побарале медицинска помош откако добиле стомачни тегоби, се испитува водата

error: Содржината е заштитена од копирање !!