MKinformer

your daily dose of news

1 загинат и 2 повредени по експлзија во дворот на семејна куќа

18/07/2026 8:02

Едно лице загина, две се повредени по експлозија во Панчево

Бомбата експлодирала во дворот на семејна куќа

Едно лице загина, а две други се повредени во експлозија што синоќа се случила во дворот на семејна куќа во населбата Старчево кај Панчево, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Повредените веднаш биле пренесени во здравствена установа, каде им била укажана лекарска помош.

Во тек е истрага за причините

Полицијата го обезбедила местото на настанот, а увидот се спроведува во соработка со Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите факти, точните околности, како и непосредната причина што довела до активирањето на експлозивната направа“, соопшти српското МВР.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот, а засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои дошло до експлозијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!