MKinformer

your daily dose of news

Кој се обидел да го спречи земањето мостри во Гостивар?

20/07/2026 10:35

Епидемија во Гостивар: Анализите потврдија неисправна вода, резултатите прво до Обвинителството

Лабораториските испитувања покажале сериозни отстапувања на квалитетот на водата, додека истрагата треба да утврди како дошло до контаминацијата на водоводниот систем

Како што МК Информер објави уште вчера, во Гостивар официјално е прогласена епидемија, откако најновите лабораториски анализи потврдиле дека водата од градскиот водовод е неисправна и не смее да се користи.

Според информациите, резултатите од испитувањата покажале сериозни отстапувања од пропишаните параметри за безбедна вода за пиење, поради што останува во сила забраната за нејзина употреба.

Анализите откриле сериозни отстапувања

Лабораториските анализи биле извршени врз мостри земени од четири различни локации во градот. Според сознанијата, резултатите недвосмислено укажуваат на загадување кое кореспондира со големиот број граѓани што изминатите денови побарале медицинска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Наместо резултатите веднаш да бидат јавно објавени, тие најпрво ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое води предистражна постапка за утврдување на причините за контаминацијата и евентуална кривична одговорност.

Попречувано земањето мостри

Според информациите, при земањето на мострите од терен, екипа на Институтот за јавно здравје наишла на отпор и била попречувана од група лица, поради што анализата започнала дури во раните утрински часови.

Овие околности, според изворите, се дел од истрагата што треба да утврди дали постојат елементи на кривично дело поврзано со загадувањето на водоводниот систем.

Болницата и натаму под силен притисок

Во меѓувреме, здравствените установи во Гостивар продолжуваат да работат под засилен притисок.

Според последните информации, секојдневно се регистрираат меѓу 250 и 300 нови пациенти со симптоми на гастроентеритис, додека инфективното одделение и педијатријата повторно бележат голем број прегледи.

„Резултатите на Институтот за јавно здравје од испитаните мостри покажуваат сериозни отстапувања од нормалните параметри кои одговараат на моменталната состојба со стотици болни, поради што е прогласена епидемија, а водата во Гостивар е строго забранета за каква било употреба!“

Истрагата треба да ги утврди причините

Додека епидемијата официјално е прогласена, истрагата продолжува да утврдува како дошло до загадувањето на водата и дали постои одговорност за состојбата што предизвика масовно заболување на жителите на Гостивар.

До завршување на постапката, надлежните институции апелираат граѓаните да не ја користат водата од градскиот водовод и да ги почитуваат сите препораки издадени од здравствените власти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!