MKinformer

your daily dose of news

МК Информер Ексклузивно: Што открија првите мостри во Гостивар?

21/07/2026 14:08

ЕКСКЛУЗИВНО: Во истрагата во Гостивар подигната вода од 5-та категорија

Една од четирите мостри што Институтот за јавно здравје ги подигнал во рамки на истрагата за загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е површинска вода од петта категорија, дознава „МК Информер“ од свои добро упатени извори.

Загадување на ниво на канализациска вода

Според информациите до кои дојде „МК Информер“, станува збор за вода загадена до степен што се споредува со канализациска вода.

Нашите извори велат дека ваквата вода не би можела да се прочисти во вода за пиење, дури и доколку постои пречистителна станица, ниту пак, според важечките правилници и законски стандарди, би можела да се користи за водоснабдување.

Мострата е обезбедена по наредба на Обвинителството

Четирите мостри биле земени откако Јавното обвинителство отвори истрага за загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар.

Тие се дел од доказниот материјал со кој треба да се утврди изворот на загадувањето, начинот на кој дошло до контаминација на системот и евентуалната одговорност.

Се чекаат официјалните резултати

Иако ова се информации до кои дојде „МК Информер“ од извори вклучени во постапката, очекуваме официјална потврда на нашите сознанија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!