MKinformer

your daily dose of news

Денеска се празнува Свети апостол Тадеј

03/09/2026 7:45

Денеска се празнува Свети апостол Тадеј, еден од седумдесетте апостоли на Христос. Тој не е истиот Тадеј кој бил меѓу Дванаесеттемина апостоли.

Според црковното предание, Свети Тадеј најпрво го видел и го слушал Свети Јован Крстител и примил крштевање од него. Потоа Го видел Господ Исус Христос и станал Негов следбеник.

Еден од седумдесетте апостоли

Христос го вброил Тадеј меѓу седумдесетте апостоли, кои ги испратил двајца по двајца да проповедаат.

По Воскресението и Вознесението Христово, Свети Тадеј бил испратен во Едеса, која според преданието била и неговото родно место.

Таму требало да го посети кнезот Авгар, кому претходно му била испратена крпа со ликот на Христос.

Исцелувањето на кнезот Авгар

Според житието, Авгар боледувал од лепра. Откако ја целивал крпата со ликот на Христос, неговата состојба значително се подобрила, но дел од болеста останал на неговото лице.

Кога Свети Тадеј пристигнал во Едеса, Авгар го примил со голема радост.

Апостолот го поучил во христијанската вера и го крстил.

Според црковното предание, кога Авгар излегол од водата по крштевањето, исчезнал и последниот остаток од лепрата на неговото лице, по што целосно оздравел.

Денеска се празнува Свети апостол Тадеј како еден од седумдесетте Христови апостоли и проповедници на христијанската вера.

error: Содржината е заштитена од копирање !!