MKinformer

your daily dose of news

МАРКО РУБИО НА СРЕДБА СО ЗЕЛЕНСКИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА, ТРАМП СО ОПТИМИЗАМ ЗА СРЕДБАТА

10/03/2025 11:59

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, допатува во Саудиска Арабија на разговори со украинскиот колега, неколку дена по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја прекине воената помош за Киев.

Рубио ќе престојува во Џеда до среда за да „работи на остварување на целта на претседателот Трамп да ја заврши војната помеѓу Русија и Украина“, соопшти Стејт департментот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така најави дека ќе биде во Џеда, како и американскиот пратеник за Блискиот исток, Стив Виткоф.

Претходно во февруари Рубио се сретна со својот руски колега, Сергеј Лавров, што беше прва средба на официјални лица на тоа ниво по руската инвазија на Украина пред три години.

По вербалната конфронтација, која ја симболизираше дипломатската промена во Вашингтон, помеѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари, Американците ја суспендираа клучната воена помош што ја обезбедуваа за Киев, како и размената на разузнавачки податоци.

Трамп и Зеленски тогаш не го потпишаа долго очекуваниот договор за украинските минерални ресурси, минатата недела американскиот преговарач за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека воената помош би можела да биде обновена кога ќе се потпише документот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати изрази оптимизам во врска со можноста за постигнување на мир во Украина, нагласувајќи дека претстојните разговори во Саудиска Арабија би можеле да доведат до крај на конфликтот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!