MKinformer

your daily dose of news

Драстично намалено нивото на водата во Охридското и Дојранското Езеро

02/09/2020 9:02

По два сантиметра е намален водостојот на Охридското и Дојранското езеро, а нивото на Преспанското е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисок од просечниот, додека нивоата на Охриското и Преспанското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек и тоа а еден сантиметар кај Охридското и за 83 сантиметри кај Преспанското.

Намалување на водостојот во однос на вчера е регистриран и кај повеќето реки во земјава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!