Од полноќ нови цени на горивата, Регулаторна Комисија ги одреди следниве цени на горивата
02/11/2020 12:44Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, намалени цени на горивата.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1,95 отсто.
Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58, односно 60 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, па литар дизел ќе чини 49,50 денари.
Од Комисијата истакнуваат дека намалувањето е во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените.


