Скопјанец ја силувал својата 29-годишна ќерка
11/11/2020 19:12Во пладневните часови на 10 ноември од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил уапсен 62-годишен скопјанец со иницијали М.Г.
Како што информираат од МВР, истиот ден во раните утрински часови, неговата 29-годишна ќерка во полициска станица пријавила дека на 9 ноември во 22 часот во семејната куќа во Скопје врз неа била извршена обљуба и во неколку наврати била физички нападната, од страна на нејзиниот татко.
М.Г. е задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.



![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)

