MKinformer

your daily dose of news

ПОЧИHA заменик градоначалникот на Скопје од компликации со Ковид-19

01/12/2020 9:40

Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три години, во 2017 година. Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на хотелот „Парк спа“ на кејот на Вардар во Скопје.

Град Скопје ја информираше јавноста за жалнта вест.

Со длабока тага ја информираме јавноста дека денеска почина Енвер Малиќи, заменик градоначалник и член на Советот на Град Скопје.
Денеска загубивме голем пријател, драг колега и човек кој својот лик и дело на повеќе нивоа нераскинливо ги врзува за Скопје. Нека му е вечна слава.
error: Содржината е заштитена од копирање !!