MKinformer

your daily dose of news

Koи ce политичapите кои го пoceтyвале Kaмчев во периодот кога бил peкетиран?

18/03/2021 16:20

Сведокот Орце Камчев на денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ откри досега непознати моменти за јавноста кои беа дел од претходната постапка за случајот „Рекет“ која заврши со осудителна пресуда за Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец.

Во периодот на „рекетот“ Камчев посочува дека неговиот дом бил посетуван од голем број политичари, обвинители, луѓе од министерства.

-Апсолутно ме посетувал Кичеец и Вие (се мисли на Боки 13) сте ме посетувале, ме посетувале различни луѓе од политиката, обвинителствата, министерствата, вели Камчев.

Но она што е најинтересно е што од снимките од неговиот дом кои биле искористени во постапката за „Рекет“ како докази неколку лица кои го посетувале бизнисменот не биле објавени.

-4/5 луѓе од политички аспект не се објавени дека го посетувале мојот дом, вели бизнисменот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!