Катица Јанева излезе од затвор
13/12/2025 12:54
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева добила условен отпуст и на почетокот од неделата излегла од КПУ „Идризово“, каде казната ја издржуваше од 2021 година.
Директорот на установата, Зоран Јовановски, потврди дека Јанева е ослободена под услов, при што до истекот на седумгодишната казна, во 2027 година, ќе мора редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и да ги почитува сите наложени обврски.
Непочитување на условите значи можност повторно да биде вратена во затвор.
Апелациониот суд Скопје во јули 2021 година ја потврди пресудата со која Јанева беше осудена на седум години затвор во предметот „Рекет“, каде беше прогласена за виновна заедно со Бојан Јовановски.






