Приведен копач на биткоини во Скопје, одземени 7 мајнери за криптовалути
17/07/2021 8:33На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.
При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути. Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.






![Пpивeдeни чeтвopицa кpaдци зa 33 тeшки kpaжби – kpaдцитe ja oштeтилe и инcтaлaциjaтa нa Teлeкoм и Жeлeзници apsenje-uck-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/apsenje-uck-11.jpg)