MKinformer

your daily dose of news

Починa познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија

10/08/2021 21:44

Истакната македонска актерка Сабина Ајрула – Тозија, почина на седумдесет и пет годишна возраст по тешко боледување.

Актерката минатата година беше оперирана од тумор на мозокот, кој бил откриен сосема случајно додека и се слошило за време на снимањето на серија во Турција по што била итно оперирана.

Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“.

Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери

error: Содржината е заштитена од копирање !!