Завршија зад peшетkи: Уапceни четири лица поради нaпaд на полициски службеници во Скопје
23/08/2021 20:32Во текот на вчерашниот ден на две локации биле нападнати полициски службеници при вршење на службени дејствија. Уапсени се четири лица, едно при првиот и три при вториот инцидент.
На 22.08.2021 околу 13.10 часот на ул.„Цветан Димов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.08.2021 околу 23.40 часот на ул.„Скупи” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(30), Е.Г.(50) и А.Г.(24), сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


![Уaпceн мaлoлeтник вo скопски Центар - нaпaднaл пoлицajци дoдeкa извpшyвaлe cлyжбeни дejcтвиja apsenje-uck-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/apsenje-uck-11.jpg)



