Денес минусни температури, утре сончево и ветровито
14/01/2022 16:29Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Маврово се измерени -12 степени, во Крушево -11, во Крива Паланка, Битола и Прилеп -10, во Петровец кај Скопје, Штип, Демир Капија и Виница -9, во Тетово, Претор, Струмица и на Попова Шапка -8, на Зајчев рид кај Скопје -7 во Охрид -6, во Куманово -5 и во Дојран и во Гевгелија -2 степена.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде снежната покривка е висока 54 сантиметри.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала локална облачност во североисточните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.
Времето утре во земјава ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 9 степени.
Од УХМР најавуваат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од снег, само понекаде на пониските места повремено од дожд.


![Починале 27 лица, 1.861 нов случаj на ковид во Македонија infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)


