MKinformer

your daily dose of news

Хаварија во Македонија, цело Скопје и уште неколку градови денес повеќе од еден час без струја

13/02/2022 20:13

Речиси цело Скопје попладнево беше во мрак. Некаде пред 18 часот населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, останаа без труја.

Струја немаше и во Велес, Свети Николе и Карбинци

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој веднаш излезе на терен за Инфомакс изјави дека пожарот е локализиран и изрази благодарност до службите за навремената реакција.

„Штотуку беше локализиран голем пожар којшто изби наспроти бензинската во Пинтија. Сакам да се заблагодарам на противпожарната бригада за брзата интервенција и максималните напори коишто ги вложивја во изминатиов период за да го санираат односно да го локализираат пожарот. Исто така сакам да се заблагодарам до службите на МВР за нивната брза интервенција. Сѐ уште ќе бидеме тука бидејќи дел од далеководите се надвор од функција. Во моментов треба да ги пуштат, па да видиме да не се случи повторно да избие на некоја позиција пожар. Инаку пожарот изби непосредно кај далекуводите, фала му на бога нема човечки жртви. Се е под контрола. И уште еднаш голема благодарност од мене и од името на граѓаните на општина Кисела Вода бидејќи совесно ја завршија работата“, изјави Ѓорѓиевски.

Во моменотв, како што изјави Ѓорѓиевски, струја има во цела Кисела Вода, со исклучок на мал дел во Драчево.

Ѓорѓиевски изјави дека според неофицијални информации, пожар имало и во Бунарџик, дека горел некоја трансформатор.

Командирот на Противпожарната бригана на Град Скопје потврди дека избил пожар во Пинтија каде поради искрење на далноводите се запалила сува трева.

„Во 17.45 минути имаме добиено пријава за настанат пожар во трафостаница Пинтија и веднаш беа испратени екипи од центарот Драчево со две возила и поради сериозноста на самиот објект што претставува за градот беше испратена дополнителна помош од центар Автокманда. На самото пристигнување на лице место видовме дека не станува збор за пожар во трафостанцата, него надвор, поради искрење на далноводот во непосредна близина беше опожарена површина од сува трева. Веднаш е побарано да биде исклучено напојувањето на далноводите и е пристапено кон гаснење. За кратко време пожарот беше локализиран. Превентивно, ради повторно пуштање на далноводот екипите останаа додека не се воспостави нормално напојување“, изјави тој.

Командирот додаде дека според информациите кои ги добиле од екипите на МЕПСО ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија е под контрола.

Во однос на причините за пожарот, тој изјави дека постои можност причина да се прекините на струја кои му претходеа на пожарот.

„Најверојатно после неколкукратни прекини на електричната енергија што ги имавме во градот пред пријавата за настаанат шпожар, претпоставуваме дека причина за пожарот се тие испади што ги имавме во текот на последниот час“, додаде командирот.

На прашањето на новинарот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ, дали хаваријата настанала поради повлекување на струја од далноводот Ниш, командирот одговори дека постои можност тоа да е причината.

„Можно е, не знам дали е тоа од далноводот, затоа што имаме дојава дека има експлозија на далновод во индустриската зона во Бунарџик што можеби е поврзано едно со друго“, појасни тој.

Се огласи и МЕПСО по повторното воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија од каде изјавија:
„Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија,

Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти“, стои во нивното соопштение.

error: Содржината е заштитена од копирање !!