MKinformer

your daily dose of news

ЗНАМ: Продолжена рака на Заев е избран за претседател, вратата на ЗНАМ е отворена за сите членови на СДСМ

03/07/2024 8:15

Членовите на СДСМ избраа старо-нов претседател и продолжена рака на Заеви, велат од движењето ЗНАМ, предводено од Максим Димитриевски, доскорешниот социјалдемократ.

Тие му го честитаат изборот на Венко Филипче, но внатрепартиските избори ги оценуваат како недемократски и нелегитимни.

Од ЗНАМ сметаат дека ова не е во насока на создавање силна опозиција и соодветен коректив на власта. Велат дека ЗНАМ ги отвора вратите за сите членови на СДСМ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!