ЗНАМ: Продолжена рака на Заев е избран за претседател, вратата на ЗНАМ е отворена за сите членови на СДСМ
03/07/2024 8:15Членовите на СДСМ избраа старо-нов претседател и продолжена рака на Заеви, велат од движењето ЗНАМ, предводено од Максим Димитриевски, доскорешниот социјалдемократ.

Тие му го честитаат изборот на Венко Филипче, но внатрепартиските избори ги оценуваат како недемократски и нелегитимни.
Од ЗНАМ сметаат дека ова не е во насока на создавање силна опозиција и соодветен коректив на власта. Велат дека ЗНАМ ги отвора вратите за сите членови на СДСМ.




![ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет и исплашен, им должи на Заев и Радев, а потребна му е и стручна помош venko-filipce-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/07/venko-filipce-11.jpg)
