MKinformer

your daily dose of news

ЛИЦЕТО КОЕ УТРОВО СЕ УДАВИ ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Е 43-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ

18/07/2024 15:26

Денеска (18.07.2024) во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило.

Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско. Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот, информираа од полицијата.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!