MKinformer

your daily dose of news

Општина Ѓорче Петров и МВР со засилени мерки за справување со временски непогоди, пожари и поплави

19/07/2024 10:55

Општина Ѓорче Петров и МВР со засилени мерки за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави. Од МВР информираат дека се подготвени да се засили безбедноста и да се излезе во пресрет со справувањето со непосакуваните состојби.

„И Кризниот штаб на Општина Ѓорче Петров е на готовс, подготвен во рамки на своите ингеренции и можности да реагира и да излезе на терен, доколку се јави потреба.

Со високите температури кои ја зафатија земјава, се зголеми и појавата на пожари низ државата. Со цел превенција, во план е воведување забрана за движење низ шумските делови на Кучково.

Соработка меѓу општината, полицијата и останатите надлежните институции е од клучно значење за заштита на граѓаните. Како одговорна локална самоуправа, секогаш делуваме навремено при состојби кои може да бидат опасни по животот и имотот на нашите граѓани“ напиша градоначалникот Александар Стојкоски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!