MKinformer

your daily dose of news

ИМ ВЛЕГЛЕ ВО ДВОР СО ПИШТОЛИ ИМ ГИ ИСКРШИЛЕ ВОЗИЛАТА И ГИ НАПАДНАЛЕ ТАТКОТО И СИНОТ

22/07/2024 16:39

Вчера поголема група на лица по среде бел ден во 12:15 часот по претходно недоразбирање го нападнале Ј.М.( 50) пред неговиот дом каде физички го нападнале и притоа употребиле тврди предмети.

Исто така денес во 03:00 часот во полициска станица синот на Ј.М, Н.М(28) од Прилеп пријавил напад од повеќе лица каде ги навел С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н сите од прилеп дека влегле во дворот на неговата куќа и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот.

Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!