44 ГОДИШЕН МАЖ ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА КЛУПА ВО АЕРОДРОМ
22/07/2024 16:46
Вчера во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.





