MKinformer

your daily dose of news

ССМ: 1000 евра се потребни за да се преживее месецот, новата Владата да го исполни ветувањето за покачување на минималната плата на 450 евра

23/07/2024 8:10

Со последните поскапувања, животните трошоци во Македонија продолжуваат да растат, притискајќи го стандардот на граѓаните до критична точка.

Синдикатите излегоа со анализа дека четиричлено семејство месечно троши најмалку 60.570 денари за основни потреби, а ако живее под кирија, оваа сума достигнува до 75.945 денари. Оваа ситуација станува уште понеподнослива со фактот дека преку 80.000 работници земаат минимална плата, а уште 100.000 се помеѓу минималната и просечната плата.

Иван Пешевски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изрази загриженост дека сè повеќе граѓани не можат да си дозволат основно преживување. Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата до 450 евра, што беше дел од ветувањата на новата влада во првите 100 дена од нејзиното формирање. Пешевски потенцираше дека ако владата не ги исполни ветувањата до крајот на септември, синдикатите ќе бидат принудени да протестираат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!