БЕЗ ДИЈАСПОРАТА БАЛАНСЕРОТ ПРЕТРПИ МИНИМАЛНИ ИЗМЕНИ ВО ПРОЦЕНТИТЕ
26/07/2024 16:12
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и дијаспората од пописот.
Тоа значи дека во новата пресметка на балансерот ќе биде вклучен само бројот на резидентното население, според податоците од последниот попис.
Со тоа бројот на Македонци во администрацијата ќе биде од 54,21 на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 на 24,30 отсто, Турци од 3,98 на 3,86 проценти, Роми од 2,34 на 2,53 отсто, Срби од 1,18 на 1,30 отсто и Власи од 0,44 на 0,47 проценти.
Во Министерството пристигнати се речиси 120 годишни плана за вработување во институциите од јавниот сектор и од нив само пет се со позитивно мислење.
Министерот Минчев рече дека според процентуалната застапеност во новоформираното министерство, во моментот од 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници, што значи дека балансерот е злоупотребен.





