Лицата попишани во странство од денеска нема да може да се вработени во земјава
28/06/2024 13:46Лицата попишани во странство од денеска нема да може да се вработени во земјава – најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како прв чекор до целосно укинување на балансерот за вработување по етнички основ станува минато.

Андоновски посочи дека бројките во балансерот од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.
-Од денеска, бројките во рамките на дигиталната алатка „Балансер“ се променети да одговараат на пописните резултати исклучиво на резидентното население од пописот во 2021 година,- изјави, Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.

Министерот појасни дека укинувањето на ваквата алатка ќе биде во неколку чекори. Тој кажа дека во иднина нема етничката припадност да биде во предност, пред професионализмот на лицата кои чекаат вработување и нивната стручност ќе биде во фокусот, но за да се почитува уставниот принцип за правнична застапеност ќе се носи посебен закон.
-Укинувањето на Балансерот ќе оди во фази. Ова е првата фаза, да се вратиме на законските основи на пописот од 2021 година, а потоа со Закон и промена на методологијата, а потоа и целосно укинување на балансерот, при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот и соодветна и правична застапеност на етничките заедници,- изјави, Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.
Какво ќе биде законското решение и по што ќе се разликува од сегашната алатка наречена балансер, детали засега нема. Андоновски најави дека ќе биде потребна сеопфатна дискусија во Владата, за да се најде начин да се почитува и Уставот, но во исто време да се гарантира квалитетот и образованието на вработените.






