MKinformer

your daily dose of news

Без вода во делови од Бутел и Гази Баба утре поради поправки на водоводната мрежа

26/01/2025 21:40

Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 27.01.2025 година, од 09:00 часот па до завршување со работните активности. Прекинот ќе влијае на следниве локации:

  • Општина Бутел: Корисниците на улицата „Боро Кралевски“ и дел од улиците „АФЖ“, „Киро Димишков“, „Ѓоре Ѓоревски“ и 1588 ќе останат без вода, поради замена на вентил Ф 2“.
  • Општина Гази Баба: Корисниците на улицата „Хаванска“ 4-Вила Кастро ќе останат без вода, поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф2“.

Работните активности се планирани да завршат во текот на денот, по што водоснабдувањето ќе биде обновено.

error: Содржината е заштитена од копирање !!