Без вода во делови од Бутел и Гази Баба утре поради поправки на водоводната мрежа
26/01/2025 21:40
Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 27.01.2025 година, од 09:00 часот па до завршување со работните активности. Прекинот ќе влијае на следниве локации:
- Општина Бутел: Корисниците на улицата „Боро Кралевски“ и дел од улиците „АФЖ“, „Киро Димишков“, „Ѓоре Ѓоревски“ и 1588 ќе останат без вода, поради замена на вентил Ф 2“.
- Општина Гази Баба: Корисниците на улицата „Хаванска“ 4-Вила Кастро ќе останат без вода, поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф2“.
Работните активности се планирани да завршат во текот на денот, по што водоснабдувањето ќе биде обновено.




