MKinformer

your daily dose of news

Сонце и облаци: Променливо време во текот на денот

25/02/2025 10:40

Утрово најстудено било на Попова Шапка, каде што се измерени -2 степени, а -1 било во Битола и Берово. Во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови температурата била 0, а 1 степен во Демир Капија и Виница. Во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица се измерени 2 степени, додека 3 степени биле во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, а најтопло било во Охрид со 4 степени.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 на Маврови Анови и 2 во Берово.

Времето денеска

Претпладне ќе има појава на магла во одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во планинските региони се очекуваат услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер, а максималната температура ќе достигне до 12 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!