СООБРАЌАЈКА НА ВОДНО, ПОВРЕДЕНИ 5 ЛИЦА И ЕДНО БЕБЕ
27/01/2025 22:32
Вчера во 18.00 часот во полициска станица било пријавено дека на локалниот пат Скопје – Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот С.Б. и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и шестмесечно бебе, како и возачот С.Б. и неговите сопатници В.Ј.(29) и К.В.(30), сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во соопштението на МВР.


![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



