MKinformer

your daily dose of news

Додека ние бојкотираме маркети само една банка се фали со 80 милиони евра заработка

31/01/2025 12:29

80 милиони евра е  добивката остварена за 2024 на Комерцијална Банка, а можеби можат симболично да се поврзат со оваа 2025, во која Комерцијална банка ја одбележува 80-годишнината од постоењето.

Профитот е конечниот резултат, чија подлога се депозитите од 2,51 милијарда евра, пласираните 1,28 милијарди евра во кредити, вкупните приходи од над 144 милиони евра… Бројките покажуваат што и како сработила најголемата домашна банка минатата година.

Добивката, всушност е 5.482,1 милиони денари или 89,1 милион евра. Од нив на државата и е платен данок од над девет милиони евра. Бруто добивката е зголемена за 40,1 процент во однос на претходно постигнатата, а нето износот за 37,5 насто. Со што се надминати очекувањата, велат од Банката, поради условите – внатрешни, надворешни, економски, геополитички… во кои лани се одвиваа работите. Планираната добивка е остварена со 129,5 проценти.

Основата на банкарските приливи, нето-приходите од камата, изнесуваат 5.967.324.000 денари, односно над 97 милиони евра. Во споредба со 2023, зголемени се за 14,5 насто. А, чистите приливи од пресметаните и наплатени камати е 6.759.161.000 денари или 110 милиони евра. Повисоки се 17,1 насто.

Во тој контекст и податоците за кредитната поддршка што ја дава Комерцијална банка. Кредитите и побарувањата од банките бележат ниво од 6.051.011.000 денари (98,4 милиони евра), а од граѓаните и компаниите 72.975.118.000 денари, што е еднакво на 1,18 милијарди евра.

error: Содржината е заштитена од копирање !!