MKinformer

your daily dose of news

Прекин во снабдувањето со струја во дел од општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај

02/02/2025 11:35

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека утре ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.

Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Орешани, како и во викенд населбата Орешани во општина Зелениково. Од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „Саса“ – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода. Понатаму, без струја ќе бидат и корисниците во селото Љубин, на потегот од УКА Комерц до гробиштата, како и околните корисници во близина на џамијата во општина Сарај, и тоа од 09:00 до 15:30 часот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!