MKinformer

your daily dose of news

Делови од Скопје денеска без вода и струја – еве каде и во кој период

22/07/2026 8:24

Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради дефекти и планирани интервенции на мрежите.

Прекини се најавени во општините Кисела Вода и Центар, како и во Зелениково.

Без вода во Кисела Вода и Центар

Од 9 часот до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во Општина Кисела Вода.

Причина за прекинот е уличен дефект на водоводната мрежа.

Од 10 часот до завршување на работите, без водоснабдување ќе остане и дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во Општина Центар.

На оваа локација ќе се изведува водоводен приклучок.

Планирани прекини на електричната енергија

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улица 4 во Зелениково.

Од 12 до 15 часот прекин е најавен и за дел од корисниците на улицата „Китка“, лево од гробиштата по ридот, во Општина Кисела Вода.

Според Центарот за управување со кризи, прекините се поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

Снабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!