УАПСЕН ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СОЗР ПЕЦO МИРЧЕВСКИ
05/02/2025 14:02
Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски, дознава МКИнформер од свои извори.
Според нашите информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.
Тој беше директор на СОЗР во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година.
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција врши претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за кривични дела проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи – СОЗР.
– ОЈО Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, информираат од ЈОРСМ.






