Минималната плата во рацете на работодавачите и синдикатите: Владата подготвена да го прифати договореното решение
07/02/2025 9:35
Договорот за минималната плата останува во рацете на работодавачите и синдикатите, додека Владата е подготвена да го прифати решението што ќе го постигнат двете страни. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакнува дека Владата не сака да наметнува административни решенија, туку сака да овозможи конструктивен дијалог за усогласување на висината на минималната плата.
Со ова, Владата ја покажува својата посветеност на фер економски политики, засновани на принципите на слободен пазар и соработка меѓу социјалните партнери. Во моментов, минималната плата во Македонија изнесува 22.567 денари.
Според законските одредби, се очекува оваа сума да се зголеми на 24.400 денари, односно приближно 400 евра, во март оваа година. Сепак, синдикатите уште пред да дојде на власт побараа од новата влада да ја зголеми минималната плата на 450 евра во првите сто дена од нејзиното функционирање.
Претставниците на стопанската комора од северозападна Македонија предложија пак минималната плата да се зголеми на 500 евра, но под услов државата да покрие дел од давачките за придонеси, што претставува неприфатлив предлог за Владата.