MKinformer

your daily dose of news

Нова потрошувачка кошничка од септември, различна од ССМ

15/07/2026 12:01

Од септември ќе се применува просечната потрошувачка кошничка

Владата ги усогласува податоците со Државниот завод за статистика

Просечната потрошувачка кошничка би требало да почне да се применува од септември, откако ќе заврши усогласувањето на податоците со Државниот завод за статистика, најави денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Тој по работниот состанок во Стопанската комора изјави дека кошничката е веќе подготвена и добила поддршка од Економско-социјалниот совет.

„Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме“, рече Ристески.

Не е иста со кошничката на ССМ

Ристески повторно нагласи дека новата просечна потрошувачка кошничка не треба да се поистоветува со минималната синдикална кошничка што ја објавува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри“, изјави заменик-министерот.

Ќе служи за креирање економски политики

Според Ристески, целта на новата методологија е државните институции да располагаат со прецизни статистички податоци при креирањето на економските политики и законските решенија.

„Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци“, истакна тој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!