ЗАШТО ВАШИНГТОН И МОСКВА САМИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СУДБИНАТА НА УКРАИНА
19/02/2025 12:05
Вчерашната средба во Ријад, Саудиска Арабија на министрите за надворешни работи на САД и Русија предизвика лавина реакции и загриженост кај европските лидери и претседателот на Украина Зеленски.
Сублимирајќи неколку важни пораки и ставови кои беа соопштени може лесно да се дојде до заклучокот зашто Вашингтон и Москва одлучија сами да седнат на преговарачка маса и да одлучат што ќе се случува со Украина.
Според пораките на претседателот на САД, Доналд Трапм пред и по средбата во Ријад можеме да го констатираме следното.
Предлог договор за 5о% од минералните ресурси да ги добие Америка.
Првично минатата недела, Трамп изјави дека Украина треба да обезбеди 500 милијарди долари од своите минерални ресурси за да ја компензира американската воена и цивилна помош од почетокот на војната. Зеленски знаеше дека може да го искористи рудното богатство на Украина како солидна причина за континуирана поддршка во борбата против руската агресија, впрочем тој самиот се обиде да го привлече вниманието на Трамп за да Америка продолжи да го поддржува Зеленски во војната.
Во саботата Трамп отворено упати предлог договор до Зеленски во однос на ресурсите на Украина. Во својот предлог, Американците опишаа многу сложен механизам со кој сакаат да добијат 50 отсто од украинските минерали. Зеленски го одби овој предлог под изговор дека не вклучува конкретни безбедносни гаранции за Украина. Единствената можна безбедносна компонента би била распоредување на американски војници за заштита на рударските локации, но само во случај на договор за прекин на војната со Русија.
Зеленски требаше да присуствува на средбата во Ријад.
Володимир Зеленски ја откажал посетата на Саудиска Арабија за да не ѝ даде легитимитет на средбата САД-Русија, изјавија два добро упатени извора за „Ројтерс“. Одбивајќи го предложениот договор од Трамп, Зелнски знае дека повеќе не е миленик на новата власт во Америка и дека неговото присуство на сребата би било без право на збор.
Крај на владеењето на Зеленски
За време на средбата која се одвиваше во Ријад, по светските медиуми се прошири анкета во која се тврди дека Зеленски ужива само 4% поддршка во Украина и дека земјата долго немала извори. Потоа следуваше и официјална изјава или прозивка од страна на Американскиот претседател Доналд Трамп.
„Имаме ситуација кога немаше избори во Украина, каде што имаме вонредна состојба, ефективна вонредна состојба,а поддршката за Зеленски во Украина е намалена на четири отсто“, им рече Трамп на новинарите запрашан да ги коментира барањата на Русија да потпише мировен договор дури по изборите во Украина.
КАДЕ Е ЕВРОПА ВО ПРИКАЗНАТА?
Европските лидери негодуваа зашто се изоставени од средбата на која ќе се одлучува за судбината на Украина, но суштината на изоставувањето лежи во прашањето „Што направи Европа додека траеше војната во Украина“?
Одговорот е многу едноставен, речиси ништо. Европските лидери само декларитивно се залагаа за мир во Украина и упатуваа поддршка, испратија симболична парична помош и застарено воено оружје кое заврши разнесено на украинските полиња.
Во суштина Европа ја искористи војната во Украина за да ги оправда своите погрешни економски политики во изминатите години и да се ослободи од „воениот отпаден шут“, најголема корист имаа европската бирократија и корупција.
Позиционирањето на НАТО е една од клучните причини за војанта во Украина, всушност тоа е главната причина поради која Русија тргна во воена офанзива. Постојаната провокација со поставувањето на ракетните штитови на границата со Русија кои требаше да достигнат домет до Москва и Кримаљ како и примање нови членки на НАТО територијално блиски до Русија ја предизвика Русија воено и агресивно да одговори.
Со незначитечен придонес во НАТО алијансата за кое Трамп постојано ја прозива Европа, американскиот претседател зане дека Русија не ја гледа Европа како закана и дека Русија не е закана за Европа.
ЕВРОПА Е РАЗОРУЖАНА
Со испраќањето на воена помош во Украина, европските земји речиси и да немаат сериозно вооружување во моментов. Како членки на НАТО нивното ново вооружување може да биде само од едно место, а тоа е Америка. Новото вооружување на НАТО членките од Европа ќе биде сериозен приход за Америка во наредните дест години изразен во милијарди долари.
РЕСУРСИТЕ НА МАСА ВО РИЈАД
Од почетокот на војната во Украина, Европа има сериозен проблем со течниот гас кој претходно непречено се носеше од Русија, а транзитираше преку Украина. Санкциите кон Русија беа само искористени од претходната власт во Америка ја принуди цела Европа да купува течен гас од САД по двојно поголема цена, што Европа финанскиски не може да го поднесе ниту издржи, а тоа се гледа преку постојаните рестрикиции на трошење и драстично намалување на резервите.
Трамп знае дека е неодржливо и нелогично Европа да се снабдува со течен гас од Америка, па затоа во мировните перговори за Украина, по смената на Зеленски ќе се овозможи доток на течен гас во Европа по „стариот пат“ од Русија, а Америка ќе ги добие минералните ресурси на Украина за кои Путин во неколку изјави потенцираше дека Русија нема таков интерес.






