MKinformer

your daily dose of news

АМСМ ги информира возачите за актуелната состојба на патиштата

07/04/2025 8:39

Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ) ги информира возачите за актуелната состојба на патиштата во земјата. Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е затворен за сите видови сообраќај од 04.04.2025 година, поради опасни услови за сообраќај. Како алтернатива, може да се користи регионалниот пат с.Пуста Река – Крушево.

Поради градежни активности како дел од проектот за Коридор 10Д, на патниот правец Прилеп – Битола се воведен времен режим на сообраќај. Возилата ќе се пренасочат по регионалниот пат Прилеп – Битола, од клучка Лагово до Тополчани. Овој режим ќе трае до завршување на работите.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните и југозападните делови од земјата се забележуваат остатоци од кашест снег, што го прави возењето опасно. Интензитетот на сообраќајот надвор од градовите е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања. АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на патните услови, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност за појава на одрони. Особено се апелира на претпазливост на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

error: Содржината е заштитена од копирање !!