MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж на Безос се врати од вселената по 11 минути

14/04/2025 21:50

По само 11 минути поминати во вселената, шестчлениот, целосно женски екипаж на ракетата „Њу Шепард“ успешно се врати на Земјата. Мисијата, организирана од компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос, заврши со безбедно слетување во Тексас, каде што екипажот беше пречекан од тим за медицинска и логистичка поддршка.

Меѓу астронаутките беа поп-ѕвездата Кети Пери, нејзината колешка Лорен Санчез – партнерка на Џеф Безос, како и активистки, новинарки и научнички кои ја испишаа историјата со овој лет.

Откако капсулата ја допре земјата и вратата се отвори, Лорен Санчез прва излезе, трчајќи кон својот вереник Џеф Безос, со кого ќе се венча во јуни во Венеција.

Кети Пери, видливо емотивна, се спушти и ја бакна земјата, држејќи бела роза – симболичен гест во чест на нејзината ќерка Дејзи, која ја следеше мисијата од публиката. Цветот го носела со себе во вселената како посвета на своето дете.

По нив излегоа Аманда Нгуен и Ајша Боу, а потоа и Гејл Кинг, која падна на колена и ја бакна земјата. Керијан Флин беше последна што ја напушти капсулата, со кренати раце и извици на радост.

Ова е прва мисија со исклучиво женски екипаж од легендарната советска мисија во 1963 година. Ракетата „Њу Шепард“ ја премина линијата Карман – границата на 100 км надморска височина која се смета за почеток на вселената.

Екипажот го сочинуваа:

  • Кети Пери – пејачка

  • Лорен Санчез – новинарка и партнерка на Џеф Безос

  • Гејл Кинг – ТВ водителка

  • Ајша Боу – ракетен инженер

  • Аманда Нгуен – активистка за граѓански права

  • Керијан Флин – филмска продуцентка

Станува збор за автоматизирана ракета која не бара пилот. Патничките немаа контрола врз летот, туку беа дел од симболична, но значајна мисија.

Историскиот момент го следеа бројни познати личности, меѓу кои Опра Винфри, нејзината пријателка Гејл Кинг, како и Клои Кардашијан и Крис Џенер. Опра, видно трогната, не ги сокри солзите додека го гледаше спуштањето на капсулата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!