Акција на МВР: Се апсат доктори, адвокати и вработени во ПИОМ
23/04/2025 12:22
Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува обемна полициска акција насочена кон сузбивање злоупотреби поврзани со финансиска помош за туѓа нега.
Според информации на Press24, под истрагата се опфатени 49 лица, меѓу кои, според неофицијални извори, има доктори, член на комисија на ПИОМ, адвокат, вешто лице и управител на консултантско биро.
Во рамки на акцијата, се изведуваат претреси на 21 локација низ државата, вклучувајќи ги Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес. Полицијата врши претреси и на 15 домашни адреси на осомничените.
Станува збор за сериозен предмет со поднесени кривични пријави за повеќе дела, меѓу кои:
-
Злосторничко здружување
-
Злоупотреба на службена положба и овластување
-
Помагање
-
Примање поткуп
-
Давање поткуп
-
Примање награда за противзаконито влијание
-
Давање награда за противзаконито влијание
Според досегашните информации, целта на акцијата е разбивање на организирана група која со манипулации и поткуп незаконски обезбедувала финансиски надоместоци и инвалидски права.
Од МВР и надлежното обвинителство најавуваат дополнителни детали по завршување на акцијата.






