MKinformer

your daily dose of news

„Не сме од рурална средина“ – Владимир Кецмановиќ со контроверзно сведочење ја шокира јавноста

26/04/2025 20:50

Вл

Вадимир Кецмановиќ, татко на малолетниот сторител на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера сведочеше во судскиот процес покренат од наставничката Татјана Стевановиќ, која го тужи семејството за нанесена душевна болка и немарност.

Сведочењето на Кецмановиќ траеше околу 45 минути и беше исполнето со емоции, но и со изјави што ја поделија јавноста. Во обид да ја пренасочи вината кон училиштето, тој постојано истакнуваше дека институцијата имала обврска да ги препознае можните предупредувачки знаци во однесувањето на неговиот син.

„Секое училиште има психолог и педагог. Моето дете таму го поминуваше најголемиот дел од времето, а никој не забележал ништо необично“, рече Кецмановиќ пред судот.

Посебна реакција предизвика неговата изјава во која, обидувајќи се да ја одбрани репутацијата на семејството, нагласи:

„Ние не сме семејство од селско место. Станува збор за добро, образовано дете, кое никогаш не покажало знаци на агресија или насилство.“

Оваа реплика ја шокираше јавноста, а многумина ја оценија како непотребно арогантна и навредлива кон луѓето што потекнуваат од рурални средини.

Во текот на сведочењето, Кецмановиќ се обиде да ја опише семејната атмосфера и да ги демантира наводите дека неговиот син бил насилен или конфликтен. Според него, Коста бил повлечен, интелигентен и мирен, со круг на блиски пријатели што го посетувале дома.

„Се дружеше со неколку деца кои доаѓаа кај нас, играа, учеа. Мојата сопруга им зготвуваше. Тоа беа златни деца“, рече тој.

Еден од најконтроверзните моменти беше неговото образложение за префрлањето на Коста во друга смена:

„Првоодделенците беа мангупчиња кои не можеа да му парираат по знаење. Затоа тој полагаше француски и влезе во двојазичната паралелка во седмо одделение“, рече Кецмановиќ.

Во завршниот дел од сведочењето, тој повторно ја отфрли личната одговорност за трагедијата, дури и во контекстот на носењето на својот син на стрелиште – чин што беше остро критикуван од јавноста.

„Да бев виновен, сигурно немаше да ме гледате овде“, заклучи тој.

Ова сведочење предизвика бран реакции на социјалните мрежи, каде што многумина го обвинија за ароганција и обид да се оддалечи од одговорноста. Судскиот процес продолжува, а јавноста останува длабоко потресена од случајот што го остави Белград во траума.

error: Содржината е заштитена од копирање !!